Историскиот музеј во Белица е основан како Историска музејска културна збирка од во 1968 год. која на почетокот била преместена во салите на Домот на културата.
Во 1983 год. со зголемувањето на експонатите, за потребите на колекциската сала е изградена модера зграда, во која денес се наоѓа музејот. Тоа е едниствениот музеј по горниот тек на река Места. Историскиот музеј во Белица е има 6 одделни сали со различна насоченост, сместени на плоштина од 520 кв.м.
Во оддел Археологија е изложен “Сакрофагот на коњаник” – уникатен тракијски саркофаг, кој е единствен по својот род на Балканот од 2500 год. пр.н.е. Тоа e највредниот експонат во планинскиот град. Откриен е во надгробната могила во областа Белишка чука покрај градот Белица, за време на раскопките во 1995 год., заедно со други останки од древен тракијски погреб. Етнографската изложба го прикажува битот на населението и културата во општината. Од почетокот на март 2017год. музејот има и виртуелност со својот веб-сајт http://museum.belitsa.com/.
Повеќе информации
Услуги: Обезбедување на водич и беседа за време на посетата во музејот. Претставување на месни обичаи и традиции по претходна најава.
Влез во музејот:
За возрасни – 3,00 лв
За ученици – 1,00 лв.
За деца и лица со посебни потреби – бесплатно
Пристапност: Автомобил, автобус, велосипед, пешки.
Не е достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°57’05.0″N 23°33’29.8″E
Забележка: Извор: http://museum.belitsa.com/zala6-izlojba-bazar
Работно време: Работно време без слободен ден (од 1 јули до 31 август):
понеделник – недела: 08:00 – 12:00 часот; 13:00 – 17:00 часот;
Работно време (од 1 септември до 30 јуни)
понеделник – петок: 08:00 – 12:00 часот; 13:00 – 17:00 часот;
Слободен ден: сабота и недела
Maps
Contact
More Information
-
Accessibility:
Bus, car, bicycle, pedestrian.
Inaccessible for visitors with mobility limitations.
Parking- free. - Coordinates: 41°57'05.0"N 23°33'29.8"E
- Note: Source: http://museum.belitsa.com/zala6-izlojba-bazar