Еко-патеката “Демјаничката река раскажува”, започнува од туристичкиот центар Банско, под хотел “Катерина”, и преминувајќи преку вила “Демјаница”, стигнува до вила “Јане Сандански”. Излезната точка на маршрутата е на приближно 3 км од патот , кој ги сврзува вила “Вихрен” и вила “Демјаница”. Во еден правец , патеката се поминува за околу 4-5 часови, додека слегувањето е значително побрзо, отколку искачувањето. На вила “Демјаница” туристите можат да си одберат нов правец на движење, да јадат и да преноќат овде.
По целата должина на патеката, на соодветни места, се поставени информативни табли. Разработените 14 теми, претставуваат геолошки карактеристики на Демјаничкиот циркус и влијание врз биоразновидноста во регионот, резерватот Јулен, интересни маршрути, по кои може да се тргне од вила “Демјаница”, минатото на Пиринскиот крај и природните обележја.
Најпогоден период, за искачување на еко-патеката “Демјаничката река раскажува”, е летото. Имено, тогаш имате можност, да ја поминете маршрутата во двата правци за еден ден, насладувајќи се на неверојатната природа, која се прoтега по речното корито на река Демјаница.
Еко-патеката е долж реката, достигнувајќи до изворите на Демјаница, со вкупна должина од околу 14 километри. Река Демјаница ја собира водата на 5 езерски групи, кои се наоѓаат на територијата на Пирин (Василачки, Ваљавички, Превалски, Типицки, Каркамски и Газејски езера). Демјаничката река започнува од Ваљавичките езера, распространети на 2400 м.н.в.
Текот на реката започнува во правец на запад, но после месноста Тијаците, го менува нагло течението и се насочува кон север. Близу до вила “Демјаница”, една од основните точки по маршрутата на еко-патеката, во реката се влеваат едни од најголемите притоки– Каркамска и Јулен. Именно, овде се претвора во класична полноводна планинска река. Ако тргнете по еко-патеката “Демјаничката река раскажува”, на помалку од километар пред да стигнете до вилата, ќе се најдете кај убавиот водопад, “Демјанички скок”, кој е особено впечатлив со своите полноводните води во пролетни и есенски месеци, иако е висок само 11 метри.
Малку пред тоа ( при искачувањето) се наоѓа и друг прекрасен водопад-“Јуленски скок” (9метри). Во 1965 год. и двата водопади се прогласени за природни знаменитости. Пред да дојде патеката до град Банско, река Демјаница се слива со Бандрица и по овој начин започнува река Глазне, која покасно се влева во Места.
Еко-патеката е една од најатрактивните на територијата на Пиринска планина. Иако, доста тешка и долга, маршрутата заслужува да биде помината, насладувајќи се на неверојатните убавини, и набљудувајќи го коритото на Демјаничката река.
Повеќе информации
Услуги: Нощувки и изхранване
Пристапност: пешеходен
Народен парк “ Вихрен” – град Банско
Забележка: Източник: НП „ПИРИН“ – http://www.pirin.bg/?page_id=596
Работно време: Соодветна облека и обувки за планински премин во сите сезони. Вода. Во топла сезона – капи, очила за сонце, сончање.
Maps
More Information
- Note: Source: http://www.pirin.bg/?page_id=596
- Opening time: Free access. Appropriate clothing and shoes for mountain trekking. Water. In the hot season - hats, sun glasses, sunscreen.