Еко-патеката Рај на земјата почнува кај месноста Синево, која се наоѓа на 4км од градот Белица, во правец на Паркот за танцувачките мечки.
Таму е изградено место за одмор со можност за правење скара. Маршрутата е лесно препознатлива, а по должината на целата маршрута има огради, и самата патека е покриена на делови, со кршен чакал.
Должина: 7.5км.
Времетраење: 5ч.
По патеката ќе го видите Дрвото на надежта – вековна бука на 450-500 години. Овде еко-патеката минува близу до црн камионски пат, низ убава букова гора, во друштво на летачките цвеќиња на природата – пеперутките.
Маршрутата на поголемиот дел се наоѓа на билото, достигнувајќи ја месноста Темницко, а потоа следува свртување на лево, од каде со отовра неверојатен поглед кон планината Рила.
Следува спуштање до месност Заровец, Таму, и по целата должина на патеката има изградено места за одмор, и мостови за олеснување на преминот.
Од месноста Заровец, следуваат неколку полегнати и доста стрмни зони за искачување. Во последниот дел на еко-патеката е многу лесен, а тоа е патот кон Паркот за танцувачките мечки.
Повеќе информации
Услуги: Контактирајте го Туристичкиот информативен центар – Белица (TIC-Belitsa) за да обезбедите туристички водич.
2780 Белица, ул. Георги Андрејчин бр.8
+359 7444 2815
http://www.ecotourismbelitsa.com/
Координати: 42°00’09.0″N 23°34’54.9″E
Работно време: Слободен пристап.
Соодветно време за посета – пролет, лето и есен.
Maps
More Information
- Services: Contact the Tourist Information Center - Belitsa (TIC-Belitsa) to secure a tour guide. 2780 Belitsa, Georgi Andreychin St. #8 +359 7444 2815
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian
- Coordinates: 42°00'09.0"N 23°34'54.9"E
- Note: Free access. Appropriate time to visit - spring, summer and autumn.