Селото Бања се наоѓа западно од Кочани, на јужните периферни делови од Осоговските планини на самата граница со Кочанската котлина. Географска положба на селото: 41°54’41” сев.ш. и 22°20’0″ ист.д. Селото Бања постои уште од Римско време. За време на турското владеење целосното население во селото се Турци. Според пишани податоци во 1900 година во Бања живееат 200 жители од кои сите се Турци. Во 1916 во Бања живееле 189 жители од кои 130 се Турци а 59 друго население.
Бањата “Бања” се наоѓа на само 5 километри од Кочани, а од најблискиот граничен премин е одалечена 66 километри. Располага со термоминерални води со температура од 70 степени, кои се спуштаат и до 37 степени. Таа има одлични својства за лекување на дигестивни, кожни и ревматични заболувања, како и заболувања на црниот џигер.
Во моментов со бањата никој не стопанисува и топлите извори не се искористени. Местото е запуштено и покрај фактот на огромниот потенцијал на ова место.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед, пеш.
Координати: N 41.8735347, E 22.290560700000015
Maps
Contact
More Information
- Services: Entrance fees; tour guide; attractions - prices.
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.8735347, E 22.290560700000015
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.