Село Плетена спаѓа во историско-географската област Чеч – позната по тоа што долги години е поделена од границата на Бугарија со Грција, како и со многубројнито бугарско-муслиманско население.
Највисоката точка – врв Уден (1667 м), спаѓа во земјиштето на селото Плетена. Во близина на него се наоѓа резерватот “Темната Гора”. До врвот се стигнува по коларски пат. На земјиштето на селото Плетена се наоѓа пештерата Мечкина Дупка, долга 12 метри. Други знаменитости во Плетена се Римските мостови во месноста “Караманица” и “Бањан”. Интерес претставува месноста “Комитски бараки” – збирното место на комитите од ВМРО, од каде доаѓа и името на месноста.
За време на ископувања на земјиштето на селото Плетена, пронајдено е тракијско вооружување од крајот на IV век п.н.е., кое се наоѓа во историскиот музеј во Благоевград.
На 8 километри е селото Долен, кое го сочувало својот автентичн дух од минатото.
Друга можност е планинарење за љубителите на природата до месноста на Плетенски чарк, Ловниот резерват “Дикчан”, областа Орфеј и тракијската населба.
В село Плетена е сниман филмот „Крајот на песната“ со позната родопска песна „Рофинка болна легнала“.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, велосипед, пешки.
Делумен достап за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°38’26.0″N 23°57’20.5″E
Забележка: Извори: http://www.satovcha.bg
Работно време: Слободен пристап.
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°38'26.0"N 23°57'20.5"E
- Note: Source: www.satovcha.bg
- Opening time: Free access.