Целата патека е ориентирана според правец на протегање од запад кон исток-североисток. Вкупната должина на патеката е 6,15 km во искачување со максимален подолжен наклон од 20 % на многу мал дел од патеката. Просечниот максимален подолжен наклон е околу 13%. Погодна за рекреативци. Патеката започнува од градот Делчево каде е поставена информативна табла и истата продолжува кон селото Звегор.
Целата патека е ориентирана според правец на протегање од запад кон исток-североисток. Вкупната должина на патеката е 6,15 km во искачување со максимален подолжен наклон од 20 % на многу мал дел од патеката. Просечниот максимален подолжен наклон е околу 13%. Погодна за рекреативци. Патеката започнува од градот Делчево каде е поставена информативна табла и истата продолжува кон селото Звегор. Поминувајќи низ самото село и меѓународниот пат за Република Бугарија, од десната страна се наоѓа природната реткост „Карактеристичен геолошки профил Звегор“ – Појавата на овој карактеристичен геолошки профил е во функција и продукт на регионалните геолошки активности, во рамки на дефинираните геотектонски формации. Имено, според регионалната поделба на територијата на Република Македонија, подрачјето на Звегор и пошироката околина ѝ припаѓаат на српско – македонската маса, чие јадро го чинат гранитите на делчевскиот батолит, поточно гранодиоритите на подрачјето долж границата со Република Бугарија.Овие карпи се цврсти, локално групирани со нешто поситнозрнеста структура во споредба со другите гранитни делови. По боја се сиво – жолтеникави до сиво – зеленкасти, леукократни до мезократни. Структурата е алотриоморфно до хипидиоморфно зрнеста, изградени се од кварц, плагиоклас, калиски фелдспат, биотит, поретко мусковит и хлорит, а споредни минерали се сфен, апатит и оксиди на железото.
Во продолжение по патот од десната страна се наоѓа Еко ресторанот Рибник Воденица каде домаќините ќе ве пречекаат во природен амбиент со вкусна свежа риба и локални специјалитети и сѐ тоа произведено и направено на самото место. Во продолжение на десната страна е манастирскиот комплекс Св.„Илија“ каде можете да одморите и да се напиете природна ладна вода. На само педесетина метри, велосипедската патека води лево од регионалниот пат и низ густа дабова и борова шума Ве носи до локалитетот „Илин Камен“ каде имате уредена локација за одмор, прекрасна панорама на целата општина но и локација која ја посетуваат бројни туристи и Верници.
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: On foot or possibly with bicycle
- Seasonality The trail can be used in spring, summer and autumn.