Патеката се наоѓа во месноста околу Злетово, поточно во месноста од локалниот пат кој води од Злетово до брана Кнежево. Патекта започнува од место викано Света вода а завршува на врвот Панаѓур (Осоговски планини) во висина од 1669м.н.в
Должината на патеката во една насока изнесува 8км.
Рутата е во должина од 8 км во еден правец, лесна за планинарење за сите возрасти, не бара посебна физичка подготвеност, поготово е погодна за планинарење во летниот период заради дебелите сенки. Претставува класична шумска планинарска патека. Во исто време се посетуваат атрактивниот рибник Злетовица, женскиот манастир Св. Спиридон чудотворец. Еден од најатрактивните делови е Зелениградскиот водопад со висина од околу 15 метри каде може планинарите и да се разладат. По патеката се поминуваат неколку питки извори, патеката избилува со разновиден животински и растителен свет, посебно лековитите билки. Патеката завршува на највисокиот врв во општината Пробиштип Панаѓур во висина од 1669м, со исклучително атрактивен поглед на Осоговието, од тамо може да се набљудуваат врвовите, Султан Тепе, Руен, Туртел итн.
граничи со Овче поле, на југоисток со Кочанска котлина, а на север и североисток се потпира на Кратовските еруптивни карпи и Осоговскиот планински масив. Североисточниот и северниот дел на Злетовската област претставува ридско-планинско подрачје, исполнето со средовековни планини, во чиј состав доминираат кристалните шкрилци и вулканско – еруптивните карпи. Највисок планински врв во Злетовската област е Царев Врв (Султан Тепе), со надморска височина од 2.085 метри, а на подрачјето на општина Пробиштип е врвот Панаѓур, висок 1.669 метри. На исток – североисток и запад – југозапад, помеѓу Злетовска и Кратовска Река доминира еруптивната планинска верига во која се планините Буковец (1.424m.), Плавица (1.298m.) и Црн врв (1.115m.).
Повеќе информации
Пристапност: Со автомобил, пеш или велосипед.
Од Пробиштип со превозно средство до Рибник Злетовица.
Време на посета: Патеката е достапна преку целата година
Maps
More Information
- Accessibility: By car, bicycle, horse, foot, etc. The route can be traversed by walking.
- Seasonality The trail is accessible all year round.