Општината Хаџидимово се наоѓа во Југозападна Бугарија, на територијата на Благоевградската област.
Територијата на општината го опфаќа најјужниот дел на источните падини на Пирин планина, дел од планината Славјанка, помал дел од југозападните падини на Дабрашкиот рид на Запаните Родопи и дел од Гоце Делчевската котлина и долината на река Места.
Хаџидимово има долготрајно историско постоење. Во античките времиња од тука поминувал еден од поважните патишта до централната артерија на Балканскиот полуостров – Виа Егнација. Во1911 г. во населбата Котубаре е откриена камена гробница со бронзени, сребрени и глинени садови, сребрени и златни накити. Тука е откриена и Чудотворната икона на Св. Ѓорѓи при што е изграден манастирот, „Св. Ѓорѓи Победоносец“ (1865 г.) и прогласен за споменик на културата. Во с. Копривлен се наоѓа античкото село „Козлука“. Во градот Хаџидимово се наоѓа и доцноантичката средновековна тврдина „Св. Димитар“.
Најголемото туристичко богатство на општината се двете планини Славјанка и Стргач. Планината Славјанка е најјужната планина во Бугарија, позната до 1955 г. под називот Алиботуш. Планината е уникатна и непозната за туриститеидимово се намира късноантичната средновековна крепост “Свети Димитър”. Неколку десетици ендемични видови се среќаваат само во овој регион. Најпознат е алиботушкиот чај. Планината Стргач е најмалата и најниска планина од Рило – родопската област. Климатските и почвени услови допринесуваат за формирање на своевидна, специфична субсредоземноморска флора и фауна.
Повеќе информации
Услуги: јавни услуги
Пристапност: МАвтобус, автомобил, велосипед, пешачки.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°30’56.1″N 23°51’09.1″E
Забележка: Извори: www.hadzhidimovo.com
Maps
More Information
- Services: Public services
- Accessibility: Car, bus, bicycle, pedestrian. Parking - free.
- Coordinates: 41°30'56.1"N 23°51'09.1"E
- Note: Source: www.hadzhidimovo.com