ВЕЛООБИКОЛКА НА БЕЛАСИЦА
Маршрутата има вкупна должина на искачување од 113 км и 1400 метри. Од почетокот во гр. Петрич се тргнува по патот № 198, се поминува покрај с. Први мај, с. Струмешница, музеј “Самуилова тврдина” и се стигнува на границата меѓу Бугарија и Македонија кај граничниот премин “Златарево”. Во Македонија маршрутата поминува низ следниве населени места: с. Ново Конјарево, с. Самоилово, с. Ново Село, с. Мокриево, с. Борисов, с. Колешино, с. Банско, с. Свидовица, с. Куклиш и гр. Струмица . Од Струмица учесниците се враќаат во град Петрич по истата маршрута. Пунктови за информирање и поддршка: Петрич (пред зградата на општината), Музејот “Самуилова тврдина”, Граничниот премин “Златерево”, с. Банско (Македонија).
Маршрута 2: Петрич – Струмица – Дојран – Грција – Петрич.
Растојание: ~ 185 км
Маршрутата е со должина од 185 км и 2790 м. на искачување. До градот Струмица следи трасата на маршрутата 1, а потоа продолжува преку Валандовски проход до Костурино, Нов и Стар Дојран, каде што застануваме за ноќевање. Следниот ден продолжуваме кон Грција преку граничниот премин “Дојран”, покрај селата Патарос, Стамос Морион, Кастануса, Неохори, Мандраки и Нео Петрици кон граничниот премин “Кулата”. Се поминува покрај северните брегови на живописното езеро Керкини и под стрмните јужни падини на Беласица. Од “Кулата” низ с. Дрангово се враќаме во Петрич.