Ова дрво-Дабот, како споменик на природата е импресивен по својата големина, старост и изглед.
Тој е еден од најстарите дабови во Европа. Со својата грандиозност ова седумвековно старо дрво од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Обемот на дрвото е околу 10 метри, а распонот на гранките е близу 100 метри. Под него се наоѓаат две огромни грамади камења, кои жителите ги викаат „каменот на плачот“.
Петвековниот даб „платан“ во село Бели е во процес на заштити. Општина Кочани има подготвено елаборат за негова реставрација и конзервација.
Излетничко место викано Дабот се наоѓа на северната страна на село Бели, на ридот кај манастирот „Св. Илија“, на надморска височина од околу 400 м.
Од Кочани се оди до село Бели и на само еден километар од селото во правец на селото Пантелеј на ридот се наоѓа излетничкото место Дабот а во непосредна близина е и манастирот Св. Илија.
Повеќе информации
Услуги: Одмор, рекреација, фотографирање.
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Достапно за лица со ограничена мобилност.
Паркинг – бесплатно.
На 6 км од Кочани.
Координати: 41°56’13.4″N 22°22’18.3″E
Работно време: Отворен пристап
Maps
Contact
More Information
- Services: Relaxing, recreation, photography
- Accessibility: A private vehicle, a taxi or a van can be used as a transport means.
- Coordinates: 41°56'13.4"N 22°22'18.3"E
- Opening time: Throughout the day. The visit time is several hours or one day.