Објектот се наоѓа во горниот дел од с.Мородвис на 3 мин пеш од Етно куќата во с.Мородвис, т.е. на 15 мин. од автобуската постројка.
Станува збор за признаен и познат археолошки локалитет, кој го има и на археолошката карта на Македонија. Откриен е за прв пат во 1980 год. Карактеристично за овој локалитет е пронаоѓањето на 4 цркви од различен временски период на едно место. Најстарата датира помеѓу 5 и 6 век, а поновата од 16. Другите две цркви се од 11 и 13 век. Во 1998 година е откриено вистинско богатство од вредни предмети што им припаѓаат на различни култури, уште од времето на Јустинијан па наваму. Во Мородвишката епископија, градбата на црквите е архитектонска реткост на Балканот. Пронајдени се нови предмети и друг археолошки материјал, кои што ги потврдиле претходните сознанија за начинот на живеење во стариот римски град Моробиздон. На северозападниот дел од локалитетот биле пронајдени остриги, парчиња од водопропусен малтер, три гроба, неколку бакарни монети и алки, односно сите елементи од саркофагот откриен во 1996 година, кој има археолошко значење на балканскиот простор. На ова место е најден и најбогатиот детски гроб со орнаменти и накит. Според Трајковски (виш археолог во Музејот на Македонија, под чие раководство уште во 1980 година е ископана првата црква од Мородвишката епископија), ова се аргументи кои докажуваат постоење на резиденционални објекти во Мородвишката епископија како предворје, трпезарија и бања, и аргументи кои го објаснуваат погребниот ритуал во 12 и 13 век.
Објектот е во лоша состојба и летниот период е обраснат со трева и грмушки. Има потреба од тековно одржување на локалитетот од надлежните институции. (Ингеренциите за чување, одржување и презентирање паѓаат на одделението за заштита на спомениците на културата од Кочани.) На локалитетот има и скриен гроб на поранешни свештеници кој за жал е ограбен во минатото.
Повеќе информации
Услуги: Възможно е паркиране в центъра на село (автобусна спирка) на за малък брой посетители.
Пристапност: Пристапот до објектот е пеш, со велосипед и со теренско возило. Почетна точка е дворот на манастирот. Доколку е отворено може да се влезе внатре, да се запали свеќа и сл.
Координати: N41.849386, E22.416734
Забележка: Црквата обично е отворена преку ден. Доколку е затворена за влез е потребно присуство на клисарот.
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Parking is possible in the center of the village (bus stop) for a small number of visitors.
- Coordinates: N41.849386, E22.416734
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.