Пехчево – Барски еко систем „Езерце“се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река.
Претставува природна бара во која има специфичен барски растителен и животински свет. Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за барскиот биодиверзитет, потоа патеки, видиковци, летниковци, клупи за одмор и рекреација, опрема за детски игри и други интересни содржини. Површината околу барата е хортикултурно уредена со растенија карактеристични за барскиот еко систем, поставена е платформа за набљудување на барата која може да служи и како отворена училница за едукација на целната група ученици и туристи, а целиот локалитет е осветлен со канделабри.
– Авантуристички парк ( составен од адреналинска патека и зип линија). Во непосредна близина на езерцето е авантуристичка патека долга 600 m и зип-линија долга 40 m, во кои можат да уживаат посетителите желни за адреналин. Всушност, ќе имате повеќечасовно неповторливо доживување во овој уникатен едукативен и спортско-забавен туристички комплекс
Рутата Кадиица: Пехчево – Симин Рид – Могилите – Смрдива чешма – Вртена скала – Рудниците – 10 км
Во оваа маршрута може да се вклучат и други места со што должината на маршрутата би била – 25 км, а истата би изгледала вака: Пехчево – Симин Рид – Могилите – Смрдлива чешма – Вртена скала – Каден бунар – Врв Кдиица ( 1932 м.н.в.) – Врв Орловец (1750 м.н.в.) – Рудниците – Симин Рид – Пехчево – 25 км.
Повеќе информации
Услуги: Во оваа маршрута може да видат голем број на природни убавини: како што се поглед кон Пехчево и целата Малешевија, ендимични видови на растенија, големи пасишта, што значи дека тематиката на оваа маршрута е претежно исполнета со природни убавини. Почетокот на маршрутата – градот Пехчево, односно Барскиот еко – систем и Авантуристичкиот парк, покрај тоа што изобилува со природни убавини има и спортско рекреативен дел ( авантуристичкиот парк).
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: N 41.7621467, E 22.886517300000037
Забележка: Извори: https://pehcevo.gov.mk/studija-za-prirodni-nepogodi-2/
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: A number of natural beauties can be seen on this route: such as the view of the city of Pehchevo and the entire Maleshevia, endemic plant species, large pastures, which means that the theme of this route is mainly natural beauties.
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.7621467, E 22.886517300000037
- Note: Source: https://pehcevo.gov.mk/studija-za-prirodni-nepogodi-2/
- Opening time: Free access.