Туристичкиот локалитет Пониква се наоѓа во прегратките на Осоговските Планини,на 1580 м.н.в., покриен со густа букова шума и разновидна тревна вегетација.
Поради поволната клима Пониква претставува извонредно место за летен и зимски туризам. Пониква е еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.
Сместувачкиот капацитет на четирите мотели и поранешното детско одмаралиште, сега одмаралиште од отворен тип на МВР, е околу 220 кревети. Во туристичката понуда во последните години се вклучуваат и 50-тина викенд-куќички во комплексот, а свое место имаат и пристапните цени во сместувачките и во угостителските капацитети.
Пониква е најпосетувана во зима. На љубителите на белите спортови на располагање им стојат две ски-стази кои се опремени со ски-лифтови. На Пониква има Туристички инфо центар и се наоѓа манастирот Свети Василиј Велики кој е верски објект на највисока надморска височина на Осоговијата.
Повеќе информации
Услуги: Одмор, рекреација, фотографирање.
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Достапно за лица со ограничена мобилност.
Паркинг – бесплатно.
На 20км северно од Кочани.
Координати: 42°02’13.4″N 22°21’12.7″E, 42.037056, 22.353528
Работно време: Отворен пристап
Maps
Contact
More Information
- Services: Relaxing, recreation, photography.
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrians. Accessible for people with reduced mobility. Parking - free of charge.
- Coordinates: 42°02'13.4"N 22°21'12.7"E, 42.037056, 22.353528
- Opening time: Open access throughout the day. Ponikva is visited in all seasons and on weekends or holidays in the winter period.