Црквата “Света Троица” се наоѓа во центарот на Банско, и е еден од симболите на туристичкиот град. Покрај тоа што е една од најпосетуваните знаменитости во градот, црквата е една од најголемите во Бугарија.
До изградбата на храмот-споменикот “Св. Александар Невски “во Софија Света Троица била најголемата црква во земјата и на Балканскит полостров.
Храмскиот комплекс ја спојува црквата со камбанаријата и ѕид со кој е заградена, и е прогласен за архитектонско – градежен споменик.
Црквата претставува трикорабна базилика, и е изградена во 1835 година од страна на локални мајстори по иницијатива на трговецот Лазар Герман.
На нејзиниот главен влез, во близина еден до друг, можат да се видат христијанскиот крст и турската полумесечина – симбол на толеранцијата помеѓу двете религии.
Меѓу мајсторите градители, кои го подигнале храмот во периодот 1833 – 1835, се истакнува името на Лазар Глушков. Неговото исцртување се поврзува со имињата на некои од најистакнатите мајстори на Уметничката школа во Банско и Дебарската школа – Уста Вељан Огнев, чие дело е уникатен резбан иконостас, оригиналните фрески по колоните, ѕидови и куполата, Димитар Молеров, кој го изработува крстот на распнувањето, престолот, големите иконостаси и иконите за бакнување од посетителите, и Симеон Молеров, кој исто така твори прекрасни иконостаси.
Кулата-камбанарија во дворот на црквата била изградена подоцна во 1850 година од страна на Уста (мајстор) Глигор Дојов. Висока е 30 метри и се смета за симбол на град Банско. Во 1866 година на неа е монтиран часовник, изработен од самоукиот мајстор Тодор Хаџирадонов.
Целиот комплекс е дефиниран како едно од најсветлите достигнувања на банската култура од епохата на Преродбата.
Повеќе информации
Услуги: Во храмот се продаваат икони и свеќи.
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°50’07.4″N 23°29’13.4″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg/
Maps
More Information
- Services: Icons and candles are sold at the temple.
-
Accessibility:
Bus, car, train, bicycle, pedestrian.
Accessible for visitors with mobility limitations.
Parking -free - Coordinates: 41°50'07.4"N 23°29'13.4"E