Куќата музеј Никола Вапцаров е еден од првите музеи во Пиринскиот крај. Се наоѓа во град Банско, на централниот плоштад, во близина на општинската зграда.
Музејот се преместуа во куќата, во која живеел Никола Вапцаров по 1912 г. Куќата музеј “Никола Вапцаров” ги отвора вратите запосетителите во 1952год. Со отворањето се поставува почетокот на музејското дело во Банско.
Музејот е посветен на Никола Вапцаров (1909 – 1942), антифашистички поет, чија извонредна работа го става меѓу најпопуларните бугарски поети од ХХ век.
Изложените дела и творби во музејот, претставуваат етнографска колекција за животот на поетот од детството до неговата смрт, работната соба на неговата мајка Елена Вапцарова, дневната соба и гостинската соба.
На првиот кат на музејот се прикажуваат филмови за Вапцаров, на англиски, француски, германски и руски јазик, додека на табла поставена на ѕидот може да се види, семејното стебло на поетот и други родови во Банско.
Во двете соби на горниот кат, е прикажан животот на Никола Вапцаров по запишувањето во Морското машинско училиште во Варна. Изложен е богат документарен и фото материјал, меѓу кои и единствената издадена и зачувана стихозбирка на Вапцаров – “Моторни песни”. Изложена е и наградата од Светскиот совет за мир, која ја добива посмртно во 1952 год. Куќата на Никола Вапцаров е прогласена за историски споменик на културата со национално значење.
Повеќе информации
Услуги: Во музејот присуствува туристички водич на бугарски и англиски јазик.
Влезот се плаќа.
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Делумен пристап за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – платен/бесплатен.
Координати: 41°50’15.4″N 23°29’19.7″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg
Работно време: Летно работно време:
Понеделник – петок: 8.30 – 13.00; 14.00 – 18.00
Сабота и недела: 9.00 – 13.00; 14.00 – 17.30
Зимско работно време (1 декември – 30 март):
Понеделник – петок: 8.30 – 13.00; 14.00 – 17.30
Сабота и недела: 9.00 – 13.00; 14.00 – 17.00
Maps
Contact
More Information
-
Services:
The museum is attended by a tour guide in Bulgarian and English language.
There is an entrance fee. -
Accessibility:
Bus, car, train, bicycle, pedestrian.
Partial access for visitors with limited mobility.
Parking- paid/free. - Coordinates: 41°50'15.4"N 23°29'19.7"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg