Од комплекс “Семково” еко-патеката “Господарот на планините” се искачува на Волчјата ливада, преку гората со бел бор, а потоа слегува до Станкова река, а од таму продолжува преку Горно Јаворово и завршува кај Центарот за реадаптација на танцувачките мечки.
Должина: 5 км
Времетраење: 4 часа
Мечката е најголемиот предатор од нашата фауна и затоа го нарекуваме Господарот на планината. Тој има потреба од мир во дивите гори. Насекаде, каде гората е припитомена, мечката е навлегла во цивилизацијата. Бугарија е една од малкуте европски земји, која сеуште им се радува на своите мечки. Овде се заштитени и последните претставници на јужноевропските кафени мечки – посветли, поголеми и помалку агресивни од своите северни роднини.
По должината на маршрутата се изградени дрвени мостови, кула за набљудување на диви животни и за фото сафари, комбинирана со опрема за хранење на животните, засолништа за туристи, безбедно огниште и чешма.
Патот поминува низ најпреферираните места за живеење на мечката – широколистни гори, исчистени со отворени ливади, богати разновидни горски плодови. По еко-патеката ќе видите и живеалишта на црвената горска мравка – големи мравји засолништа над земјата, кои понекогаш достигнуваат и до 2 метри височина и до 3 метри во дијаметар, но основниот дел на гнездото им се наоѓа под земјата.
Повеќе информации
Услуги: Контактирајте го Туристичкиот информативен центар – Белица за да договорите туристички водич.
Адреса: Белица 2780, ул. Георги Андрејчин №8 или на наведените контакти.
Координати: 42°02’33.2″N 23°32’47.8″E
Забележка: Извори: http://www.ecotourism.belitsa.com/ekopateka_vlastelinat_na_planinite
Проект “Белица – зелената приказна на волшебната планина и танцувачките мечки”
Работно време: Слободен достап.
Соодветно време за посета – пролет, лето и есен.
Maps
More Information
- Services: Contact the Tourist Information Center - Belitsa to arrange a tour guide. Address: 2780 Belitsa, Georgi Andreychin St. №8 or to the indicated contacts.
- Accessibility: By car, bicycle, pedestrian
- Coordinates: 42°02'33.2"N 23°32'47.8"E
- Note: Source: http://www.ecotourism.belitsa.com/ekopateka_vlastelinat_na_planinite Project "Belitsa - The Green Fairytale of Magical Mountains and Dancing Bears"
- Opening time: Free access Appropriate time to visit - spring, summer and autumn.