Ченгино Кале – Објект – Старата Караула, Во месноста Ченгино Кале се наоѓа и старата караула во која престојувале војниците.
Околу објектот се наоѓа огромна зелена површина со голем број на природни убавини. Месноста се наоѓа на неколку километри од туристичката населба Равна Река. Ова место е познато како најисточната точка на Република Македонија, на самата државна граница со соседна Бугарија. Тука се и живописните извори на реката Брегалница во пазувите на Малешевските планини.
Врв Ченгино Кале – Планински врв и Езеро Орлови Очи. Врвот Ченгино кале е на 1745 м.н.в. Се наоѓа на Малешевските планини – Општина Пехчево и е нај источната точка на Република Македонија и поранешна Југославија. На самиот врв има мало езеро Орлови очи за кое што меѓу народот се верува дека има лековита моќ. Патеката до врвот поминува низ прекрасните Пехчевски водопади која е во должина од околу 9 километри од Бараките.
Од овде може да се види најубавиот поглед на Планините Пирин и Рила со врвовите Вихрен и Мусала. Верувајте! Кој што дошол овде еднаш, сигурно дошол и вторпат а и повеке пати.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: N 41.7621467, E 22.886517300000037
Забележка: Овој локалитет има локален потенцијал и значение.
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: Entrance fees; tour guide; attractions - prices.
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.7621467, E 22.886517300000037
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.