Црквата „Св Петар и Павле“ или „Собор на Светите Апостоли“ е православна црква во симитлијското село Мечкул.
Прогласена е за споменик на културата. Црквата е изградена во 1892 година. Во архитектурен поглед претставува трикорабна псевдобазилика, изградена од камен, без купола и со отворен трем на југ. Покривот е двостран со керамиди и има три метални крста. Главниот влез е на запад, а има и друг влез на јужната страна.
До северозападниот агол на храмот на метална конструкција е закачена камбаната, посетавена во 1898 година, која е украсена и има ктиторски натписи. На западната фасада е исцртана сцената Страшниот суд. Фреските ииконостасот се изработени од Михалко Голев во 189801899 година. Вредни се и тронот на владиката, проповедалната, кованите свеќници и ктиторските столови.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, велосипед, пешки.
Делумно достап за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°49’30.1″N 23°11’39.7″E
Забележка: Извори: www.simitli.bg, www.senokos.com
Работно време: Претходна најава на посочените контакти.
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Partially accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°49'30.1"N 23°11'39.7"E
- Note: Source: www.simitli.bg, www.senokos.com
- Opening time: Pre-contact the contacts listed.