Црквата е национален споменик на културата.
Изградбата на црквата „Воведение на Пресвета Богородица” започнала во 1840 г. и завршува во 1844 г. со доброволните прилози на бугарите од градот. Во 50-те години на ХІХ в. во дворот на црквата се гради и новото светско училиште.
Во архитектонскиот план, црквата во Горна Џумаја е трикорабна псевдобазилика.
Исцртувањето на храмот се одвивало во неколку етапи. После 1879 г. бугарите во Џумаја специјално покануваат зографи, со цел да ги насликаат ѕидовите во духот на традицијата. Црквата е дело на мајстори-градежници од село Смојмирово, Малешевско и на доброволниот труд и пожртвуваност на сите бугари од градот и околните села. Живописите се дело на зографи од Банската уметничка школа – Михаил Голев, Димитар Сирлештов и Коста Марунчев. Поголемиот дел од иконите се дело на мајстори од Банската и Самоковската уметничка школа.
Иконостасот е изработен по сличност на иконостасот на црквата во Рилскиот манастир. Макар, и да има отстапки во размерот и стилот, се вбројува помеѓу најдобрите и најинтересните изработки на бугарската резбраска уметност од дрво од преродбенската епоха, на резбари од Самоковксата и Дебарската уметничка школа, кој што го прави бесценет. Таванот на храмот е изработен од мајстори од Дебарската уметничка школа. Во 80-те години на ХХ в., во однос на некои архитектурни елементи и зографијата на храмот, се извршени некои реставрациски работи. Во дворот на црквата се наоѓа споменик на мајор Николај Павлович Орлински, командир на рускиот воен одред, кој го остварува своето прво ослободување на Горна Џумаја, на 12ти февруари 1879г., а споменикот е поставен во 1978г. Во 1986 г. е започнат и во 1987 г. е завршен Споменикот на Делчевскиот род, кој исто така се наоѓа во дворот на храмот.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – платен.
Координати: 42°01’16.4″N 23°06’15.4″E
Забележка: Извори: http://svetimesta.com/
http://viewblagoevgrad.com/obekti/vavedenie-bogorodichno/
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid.
- Coordinates: 42°01'16.4"N 23°06'15.4"E
- Note: Source: http://svetimesta.com/; http://viewblagoevgrad.com/obekti/vavedenie-bogorodichno/