Туристички локалитет „Равна Река“ – Летниковци и бараки, местото е соодветно за одмор и рекреација и правење на пикниг. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади. Пехчевските водопади, вкупно четири, се нарекуваат место од каде што црпите природна сила и се вистинска уметност на природата, создадена по течението на реката Брегалница.
Дебел Рид – Водопади, живописни водопади кои се наоѓаат по течението на Реката Брегалница. На реката Брегалница но и на нејзините притоки Равна река и Ж’тачка река, во атарот на општина Пехчево се наоѓаат неколку водопади. За да се задоволи интересот на домашните и странските гости за нивна посета, од 2014 година се одвоени средства за да се реконструираат постоечките мостови и пешачки патеки, а со тоа да се зголеми безбедноста на движењето.
Реконструкцијата на мостовите е со автентичен дрвен материјал од бука и бор, а покрај патеките е започнато со поставување на настерешници и клупи, каде туристите ќе можат да се одморат и освежат. Пехчевски Водопади
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: N 41.7621467, E 22.886517300000037
Забележка: Овој локалитет има локален потенцијал и значение.
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: Entrance fees; tour guide; attractions - prices.
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.7621467, E 22.886517300000037
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.