Кулата се наоѓа во центарот на селото. Според раскази на локалните жители пред векови кулата имала вкупно седум ката.
Има квадратен план со страна 7,50 метри и висина 13,50м. . Таа е изградена на карпести терени на кршени, полуработуени камења. Спојката е од бел малтер. Влезот на кулата е направен од добро обработени камени блокови. Внатре пкатовите биле со дрвен гредоред. На јужната, источната и западната фасада има бункери, а во насипот се најадени тули од грејни објекти. Кулата е снабдувана со вода, која билакачувана до последниот кат. Постојат цевки и за одводни води, пошироки од останатите. Експертите досега немаат едногласен одговор, за која цел била наменета кулата.
Според некои, кулата служела како дом на турски службеник-надзорник и за складиште на руда, железни решетки и топови. Според други, ова е стражарска кула со сигнално-комуникациски функции.
Слична кула имало меѓу селата Гаитаниново и Парил на југ и север кон кулата Момина / Гоце Делчев, каде светлосни сигнали, сигнализирале опасност и жителите на селото се криеле во кулата.
Од средината на XIX век, кулата започнала постепено да се урива, а камењата биле искористени за изградба на црквата Св. Димитар, и соседните куќи, а во 1970 година и за изградба на селската фурна. Кулата е прогласена за споменик на културата.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, велосипед, пешачки
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°27’58.1″N 23°41’26.0″E; 41.466139, 23.690556
Забележка: Извори: Општина Хаџидимово
Работно време: Слободен пристап.
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°27'58.1"N 23°41'26.0"E; 41.466139, 23.690556
- Note: Source: Municipality of Hadzhidimovo
- Opening time: Free access