Смрдлива чешма – Овој извор се наоѓа во непосредна близина на Вртената скала. Тој е доста обилен и постојан извор. Водата има жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е кисело горчлив, најверојатно како резултат што поминува низ разни железни руди со кои обилува Буковик. Се користела, а и денес се користи за лекување на стомачни заболувања.
Вртена Скала
На 7 километри од Пехчево, на десната долинска страна на Пехчевска Река и на јужните падини од планината Буковиќ, се наоѓа карпестата формација со карактеристичен изглед Вртена Скала. Формацијата е
висока околу 5 метри, на средишниот дел има отвор широк околу 0,6 метри и долг околу 2,5 метри. Постои легенда помеѓу локалното население поврзано со местото Вртена Скала. Кај месното население постои верување дека протнувањето низ карпата им помага на мајките кои немаат деца да добијат пород, а на малите деца им помага од несоница и немир. Протнувањето се изведува со посебен ритуал. Обично се избира еден човек кој ја води жената кај вртената скала, во присуство на нејзиниот маж и други блиски роднини. Тој човек ѝ помага на жената да се протне низ отворот на скалата од едниот до другиот крај. Потоа до скалата (карпата) се остават дарови и пари. Тука, на лице место, жената го дарува човекот што ѝ помага. На тој начин тој човек станува побратим на жената и секоја година на тој ден жената со фамилијата оди на гости кај побратимот со дарови и јадења. Ова место е многу достапно за посетители, а заради интересот за посета, пристапот до карпата е уреден и обезбеден.
Туристички атрактивности: карпа со специфичен изглед, култови и преданија. Потенцијални видови туризам: трекинг, гео туризам, излетнички туризам и др.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: N 41.7621467, E 22.886517300000037
Забележка: Овој локалитет има локален потенцијал и значение, освен ако не се комбинира со посета на Јудови Ливади, Буковик и врвот Кадиица (1932 m).
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: Entrance fees; tour guide; attractions - prices.
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.7621467, E 22.886517300000037
- Note: The marking of mountaineers on the Kadiitsa route is a project funded by the Tourism Support Agency.
- Opening time: Free access.