Лесново е планинско село и се протега од десната страна на Злетовска река.
Името на селото потекнува од зборот „лес“, што значи „шума“. Просторот на којшто се наоѓа селото во минатото бил густо пошумен, па оттаму се претпоставува и дека потекнува името.
Лесново е планинско село, сместено од десната страна на Злетовска Река, на надморска височина од 890 м. Селото се наоѓа на југозападната страна од Осоговските Планини и е единствената населба во Македонија којашто лежи во јасно сочуван фосилен вулкански кратер, познат и како „Лесновски Кратер“. Низ средишниот дел на кратерот и низ самото село, во правец североисток-југозапад, тече малата Лесновска Река, која ја пресекува западната рамка на кратерот. Релјефот е последица на силна вулканска активност, која е дел од најраспространата и најпозната вулканска област во Македонија, позната во геоморфологијата како „Кратовско – злетовска вулканска област“.
Лесново е сместено на околу 13 км источно од Пробиштип и на околу 8 км северно од Злетово, до коишто е сообраќајно поврзано со тесен асфалтен пат. Атарот на селото зафаќа површина од 14,1 км2.
Повеќе информации
Пристапност: До пробиштип може да се стигне со редовна автобуска линија или со приватен превоз. До лесново може да се користи такси превоз кој чини 50 денари по лице.
југозападниот дел на планината Осогово.
Координати: 42° 0’19.82″N 22°13’28.41″E
Време на посета: достапно преку целата година
Maps
More Information
- Accessibility: Probishtip can be reached by regular bus line or by private transport. To get to the village of Lesnovo, a taxi can be used.
- Coordinates: 42° 0'19.82"N 22°13'28.41"E
- Opening time: Available throughout the year.