Рутата ги опфаќа селата покрај магистралниот пат А3 (с. Бања, с. Спанчево, с. Соколарци и с. Новоселани).
с. Спанчево – Археолошки локалитет „Св.Атанасиј“
На археолошкиот локалитет Св. Атанасиј”, кај кочанското село Спанчево, во изминатите години во две истражувачки кампањи се откриени значајни артефакти од енолитскиот период, односно 4 век пред нашата ера.
Откриени се предмети од керамика, глина, од школки и женски фигури во најразличен облик. Според надлежните од Музејот на Македонија, најзначајниот откриен предмет е фигура на машка глава, редок примерок, што ја збогатува и збирката на ретки артефакти од овој археолошки локалитет од енеолитот. Откриените артефакти, според археолозите, се идентични со откриените артефакти на археолошкиот локалитет Пилаво, кај село Бурилчево, Кочанско, со што се потврдува поврзаноста на овие два локалитета од левата и десната страна на Брегалница.
с. Спанчево – Споменик „Никола Карев“ кај с. Свиланово
Во рутата е опфатена и посета на споменикот на „Никола Карев“. Во иднина таму се предвидува и изградба на историски парк, со што ова место би било атрактивно за туристите. Овде можат да се одражуваат и тематски и историски екскурзии.
Спомен обележје на Никола Карев – Чешиново – Облешево
Во близина на селото Рајчани во месноста Свиланово, на 27 април 1905 загинал Никола Карев, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и претседател на Крушевската Република. На ова место постои спомен обележје кое секоја година го посетуваат голем број посетители, кои му оддаваат почит на првиот претседател на првата република на Балканот. Туристички атрактивности: спомен обележје на Никола Карев.
Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство.
Забелешка: Треба да се направат напори за поголема промоција на ова место и комбинација со други видови туристички понуди.
Maps
More Information
- Accessibility: The starting point is the village of Banya, which can be reached by car. The starting point of the route is the monastery "St. Petka" near the village of Novoselani.
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.