Роженскиот манастир е најголемиот манастир во пиринскиот крај и е еден од неколкуте средновековни бугарски манастири, релативно добро зачувани и до ден-денешен.
Според извори, зачувани на Атос (Грција), манастирот бил изграден во 890 година. Црквата во манастирот – “Светото раѓање на Богородица” подоцна го дава своето име на соседното село Рожен. Во 17-ти век била опожарена но, на почетокот на 18-ти век била обновена. Црквата била целосно завршена во 1732 година. Манастирот, својот врв го достигнува во 19 век, кога служи како регионален духовен центар и поседува многу земјиште во својата околина. Познатиот локален револуционер Јане Сандански, става крај на расцутот на манастирот, кога со свои блиски ги освоил териториите на манастирот. Гробот на Јане Сандански се наоѓа во близината на манастирот. Манастирот има неправилна хексагонална форма, опкружен со куќи за живеење кои оформиле прекрасен двор, а во средината се наоѓа црквата. Сите објекти се изградени во различни периоди, додека, монашката трпезарија, костурницата и неколку од земјоделските објекти се најстарити, уште пред опожарувањето на манастирот во 17-тиот век.
Освен по добро зачуваните фрески, манастирот уште е познат и по своите витражи и уникатни резби. Како и сите други манастири, така и Роженскиот манастир, си има своја чудотворна икона-защитничка (на Дева Марија), која се чува во ковчег во параклисот на “Св. Козма и Дамјан. Според преданието, иконата е едно од малкуте копии од изработени од свето железо, кое било во сопственост на вдовица од Никеја (Грција). Манастирот е еден од 100-те национални туристички локалитети во Бугарија.
Повеќе информации
Пристапност: Мешан автобус, автомобил, велосипед, пешачки
Достапен за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен
Координати: 41°31’49.9″N 23°25’35.5″E
Забележка: Извори: http://visitsandanski.eu
Работно време: 08:00 – 18:00ч Нема слободен ден
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Mixed - bus/car/bicycle/pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°31'49.9"N 23°25'35.5"E
- Note: Source: Municipality of Sandanski: http://visitsandanski.eu