Постојаната изложба на икони е една од најинтересните туристички објекти во Банско се наоѓа во стариот дел на градот, близу до црквата “Св.Троица” и споменикот на “Паисиј Хилендарски”.
Изложбата се организира во најстарата зачувана зграда во Банско, градена во 1749 год. Еднокатната конструкција е зачувана во својот автентичен изглед. Зградата е прогласена за споменик на културата. Во минатото зградата била женски манастир кон Хилендарскиот, а покасно кон Рилскиот манастир.
Во објектот во 1986год. почнала да се организира Постојана изложба на икони, на дела од Банската иконописна школа – едно од најсветлите појави на бугарската култура во XVIII-XIX в. Објектот располага со 6 сали. Основопожник на Банската уметничка школа е Тома Вишанов-Молерот ( роден околу 1950г., а не е познато кога починал). Според семејното предание на неговиот род, Вишанов се школувал во Виена и по неговото враќање бил наречен Молер – од германскиот збор за молер( Малер). Школата основана од Тома, се развивала во областа на монументалниот живопис и иконите .
Банската изложба на икони, прикажува оргинални икони, цртани од претставници на Банската иконописна школа. Главното место во изложбата е посветено на делата на основоположникот на школата, Тома Вишанов, неговиот син Димитар, неговата внука Симеон и други иконописци од Банско.
Повеќе информации
Услуги: Водич на бугрски и англиски јазик. Достапни се и аудио записи на беседи на француски, германски и руски јазик. Постои такса за влез.
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Не е достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – платен/бесплатен.
Координати: 41°50’10.0″N 23°29’17.3″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg/
Објектот е реновиран во рамките на проектот “Поддршка за развој и диверзификација на туристичките атракции на општина Банско – Банско крстосница на цивилизациите”, ко-финансиран од ОПРР 2007-2013.
Работно време:
Летно работно време:
Вторник – Сабота: 9.00 – 12.00 ч.; 13.00 – 17.30 ч.
Почивни дни: недела и понеделник.
Зимско работно време(1 декември – 30 март):
Вторник – Сабота: 11:00 -15:00
Неработни денови: недела и понеделник
Maps
Contact
More Information
- Services: The museum is attended by a tour guide in Bulgarian and English language. Audio records of lectures in French, German and Russian language are available. There is an entrance fee.
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Inaccessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid/free.
- Coordinates: 41°50'10.0"N 23°29'17.3"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg/