Има уредена локација за одмор, прекрасна панорама на целата општина но и локација која ја посетуваат бројни туристи и Верници.
Пешачката патека води низ шумски предел богат со дабова и зимзелена шума, пасишта богати со голем број на билки и прекрасни пеисажи. Патеката е достапна во текот на целата година освен за време на исклучителни временски состојби кога во повисоките делови од патеката е можна поголема количина на снег.
Патеката е атркативна за здруженијата на планинари од регионот, републиката и странство. Истата се поминува неколку пати во текот на годината согласно календарот на здруженијата на планинари а во месец февруари патеката ја посетуваат планинари, младинци и претставници од локалната администрација по повод ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД каде пред спомен плочата на борците од февруарскиот поход се чита пригоден регферат и се полага свежо цвеќе.
Познати локации на патеката и доплнителни пешачки патеки (по желба):
- Манастир Св. Богородица Балаклија/манастирски ендек
- Манастир Св„Пантелејмон“ планина Голак
- Велосипедска патека Голак
- Патека на билките
- Патеката на Петко
- Спомен плоча на февруарскиот поход.
- Детско одмаралиште Голак (не е во функција)
Maps
More Information
- Accessibility: Part by car, or entirely by foot or by bike.
- Opening time: The trail is available in all seasons.