Централно јадро на с.Зрновци (парк во с.Зрновци).
Рутата минува преку трите села на општина Зрновци и завршува на планината Плачковица, до манастирот Св.Петка – С. Видовиште. Општата должина на рутата е околу 9,5 километри:
- Централно јадро на с.Зрновци (парк во с.Зрновци)
- Централно јадро на с.Зрновци (кеј на Зрновка река)
- Црква во с.Зрновци – Св.Димитриј
- Споменик на природата „Чинарите“ – Мородвис
- Етно куќа Мородвис
- Археолошки локалитет Мородвис
- Манастир „Св. Симеон Столпник“ – Мородвис
- Црква „Св. Троица“ – Мородвис
- Споменик на паднатите борци – плоштад „Могила“- с.Видовиште
- Црква „Св. Климент Охридски“ – Видовиште
- Манастир “Св. Спас (спасение) “- Видовиште
- Црква „Св. Климент Охридски“ – Видовиште
- Манастир „Св.Спас“ – Видовиште
Рутата е наменета за лица со слаба физичка подготвеност, ( освен делот од с.Мородвис – манастир „Св.Симеон, должина 900м и делот од рутата од с.Видовиште – манастир „Св.Петка“ во должина од 4км, кои спаѓаат во среднострмни патеки и станува збор за уреден земјен пат со средна стрмнина). Станува збор за целодневна патека која може да биде проследена со пладневен ручек или подолг одмор (30-40 мин). Изобилува со најразлични содржини од делот на рурален живот, рустикална архитектура, религиозни објекти, биодиверзитет и археологија. Вкупната должина на рутата е околу 9.5км.
Повеќе информации
Услуги: Најповолен јавен транспорт е користење на такси кој за тура на повик наплатува 150ден (од Кочани во еден правец). Постои и автобуски превоз кој е многу редуциран и има само 2-3 линии на ден.
Пристапност: Пристапот до објектот е пеш, со велосипед и со теренско возило. Почетна точка е дворот на манастирот. Доколку е отворено може да се влезе внатре, да се запали свеќа и сл.
Координати: N 41.8462782, 22.400834199999963
Забележка: https://www.youtube.com/watch?v=cKh2PBo4iYA, http://top3d.eu/2/zrnovci/
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: The most favorable public transport is the use of taxis, which costs 150 MKD (from Kochani one way). There is also a bus line that is very reduced and only has 2-3 lines per day.
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: N 41.8462782, 22.400834199999963
- Note: Source: https://www.youtube.com/watch?v=cKh2PBo4iYA, http://top3d.eu/2/zrnovci/
- Opening time: Free access.