Берово-Туристичка населба Абланица-Пехчево -Туристичка населба Равна река.
Малешевската област ја надополнува и збогатува својата туристичка понуда што ги поврзува двете туристички населби Абланица (Берово) и Равна Река (Пехчево) со пешачка / планинарска рута долга 4,1 км, која поминува низ прекрасни шуми по долината на реката Брегалница.
Дел од рутата е делумно маркирана, дел од патот е асфалтиран а дел е макадам. Патеката се користи од локалните жители. Рутата се протега по веќе постоечки делови за пешачење и истата делумно е обележана на терен. Во потоплите месеци патеката ја користат локалните жители и истата започнува од местот Јуовец во Берово со асфалетен пат кој поминува покрај манстирски комплекс кој е во изградба и во најскоро време ќе биде асфалтирана до туристичката населба Абланица. Во делот на Абланица таа преминува во макадам кој води покрај река Брегалница и се спојува со лакалниот пат од Пехчево до Туристичка населба Равна река.
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: By vehicle, by cycle, by foot
- Coordinates: N 41.7060632, E 22.85523790000002