Патеката е во должина од 6 км.
Патеката се наоѓа во село Лесново, почнувајќи од местото викано Големата Лесновска кривина а завршува на место викано Илиин врв.
Рутата е во должина од 6 км во еден правец, лесна за рекреативно планинарење, не бара посебна физичка подготвеност. Изобилува со атрактивни туристички точки. Пештерските цркви и пештерите датират од 4 век, истите се достапни за посетители, потојат информативни табли, и се осветлени. Манастирот Св. Гаврил Лесновски претставува верска, туристичка атракција, датира од 11 век, преполн со посетители и верници. Патеката води до етно музејот кој е сместен во реконструирано селско учолиште кое се користи за различни манифестации, како што се Лесновска ликовна колонија, Кампови и др. Во локалниот ресторан Лесновски конак може да се вкусат традиционални јадења.
Самиот Илиин врв претставува ретка туристучка атракција, таму се наоѓа пештера каде во минатото престојувале монасите, воедно таму се наоѓа лесновскиот кратер, единствено вулканско подрачје после вулканот Етна, интересно за истражување во областа на геологијата. Ги располага сите потенцијали да биде прогласено за прв геопарк на Балканот. Тука може да се видат и природните заштитени реткости Вулкански Бомби, како и Црната дудинка стра 500 години која се наоѓа во манастирот.
Повеќе информации
Пристапност: До Пробиштип може да се стигне со редовна автобуска линија или некој друг вид на градски превоз. За да се пристигне до селото Лесново може и со такси..
Рутата се наоѓа во с.Лесново.
Maps
More Information
- Accessibility: Probishtip can be reached by regular bus line or by private transport. To get to the village of Lesnovo, a taxi can be used.