Општината Сандански се наоѓа помеѓу величествениот Пирин и се граничи со Република Грција и Република Македонија. Општината зафаќа голем дел од широката Петричко – Санданска котлина и живописната долина на средна Струма.
Административен, стопански и културен центар на општината е градот Сандански. Се наоѓа по двата брега на реката Санданска Бистрица и се одликува со најголемото времетраење на сончевото зрачење во земјата од 2.506h.
Општината Сандански се одликува со исклучителна разновидност на релјефот – рамнински по долината на реката Струма, високопланински, среднопланински и нископланински во планините Пирин, Славјанка, Огражден и Малешевска. Нејзината територија зафаќа делови од Националниот парк „Пирин“, којшто е вклучен во списокот на УНЕСКО за заштита на светското природно и културно наследство.
Исклучително големо природно богатство за општината се минералните извори поради нивната хидрокарбонатна – сулфатна содржина. Градот Сандански е прогласен за најдобрата природна клиника за лекување на заболувања на горните дишни патишта.
Археолошкото наследство во општината е едно од најбогатите и најразновидни во Бугарија со 5.000 споменици на културата, опфаќајки го периодот од најраните епохи до Доцното Средновековје. Под денешен Сандански се наоѓа античкиот град – најзначајниот антички и рано – христијански центар во овој регион. Посебна вредност имаат 4-те откриени базилики на раното христијанство (IV-VI в.): Епископската базилика, Базиликата на епископ Јоан и Ранохристијански комплекс. Над основите на базиликата на епископ Јоан се наоѓа Археолошкиот музеј, којшто е специјализиран во областа на античката археологија. Неговата богата колекција вбројува 11.367 музејски експонати.
Легенда раскажува дека некаде во околината на градот. Сандански е роден и храбриот тракиски вожд Спартак.
На 22 km југоисточно од Сандански, во југозападните падини на Јужен Пирин помеѓу уникатниот природен феномен се простира најмалиот град во Бугарија – Мелник. Мелник е древен град со исклучително богато културно – историско наследство и зачувана стара архитектура. Заедно со Мелнишките земни пирамиди и Роженскиот манастир којшто е во близина, Мелник е прогласен за историско – археолошки и архитектонско – уметнички резерват со меѓународно значење.
Повеќе информации
Пристапност: Автобус, воз, автомобил, велосипед, пешачки.
Достапена за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен/платен
Координати: 41°33’32.5″N 23°16’29.2″E
Забележка: Извор: http://visitsandanski.eu
Работно време: Работно време на администрацијата: Понеделник – петок: 08:00 – 17:00
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid/free.
- Coordinates: 41°33'32.5"N 23°16'29.2"E
- Note: Source: http://sandanskibg.com/