Општината Разлог се простира во истоимената котлина во Југозападна Бугарија, помеѓу планините Пирин, Рила и Родопи.
Општината опфаќа големи делови од Националните паркови „Рила“ и „Пирин“, чијашто прекрасна природа изобилува од разновидни биолошки растителни и животински видови. Помеѓу Северен Пирин и Југозападна Рила низ четинарските и листопадни шуми, 12 km од градот се наоѓа планинската теснина „Предел“ – прекрасен и пријатен за одмор, погоден за маршути низ двете планини. Постоењето на над 70 топли минерални извори и нивната живописна местоположба се претпоставка за развојот на Разлог како банско одморалиште.
Во градот се зачувани многу куќи од времето на Преродбата, како Разложко-Чепинска къща и Парапуновата къща, во којашто е отворен историски музеј, потоа црквата „Свети Ѓорѓи“ (1834 г.) што исто така претставува споменик на културата.
Во с. Добрско се наоѓаат уникатната црква „Св. св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат” (1614 г.) и црквата „Сретение господне” (1860 г.) истотака споменик на културата.
Повеќе информации
Услуги: Контакт со ТИЦ Дестинација Разлог http://destinationrazlog.com/
Пристапност: Автомобил, автобус, велосипед, пешки.
Достапен за посетители со ограничена подвжиност.
Паркинг – бесплатен/платен
Координати: 41°53’08.1″N 23°27’59.7″E
Работно време: Понеделник – петок: От 08:00 до 17:00 часот
Maps
Contact
More Information
- Services: Public services. Contact with TIC Destination Razlog: http://destinationrazlog.com/index.php/bg/
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid/free.
- Coordinates: 41°53'08.1"N 23°27'59.7"E