Општина Кресна е една од помалите општини во Југозападна Бугарија, со површина од 341 km2 и население од 5.487 жители. Опфаќа дел од долината на река Струма со Кресненската клисура и делови од западните расклони на Северен Пирин и Североисточните падини на Малешевската планина. Низ него минуваат меѓународниот пат Е – 79 и железничката линија Софија – Кулата – Атина.
Релјефот е планински, ридест и низински. В близина до градот Кресна има многу атрактивни природни објекти и знаменитости како што се: живописната Кресненската клисура, резерватот „Тисата“,кадешто е зачувано најголемото природно наоѓалиште на дрвјата од типот смрека во Европа, заштитената месност „Моравска“ (184,3 ha), којашто се наоѓа во Малешевската планина и претставува второто по големина наоѓалиште на смрека и реликтни средоземноморски растенија. 18 километри југоисточно од градот на планината Пирин е исклучително прекрасното одморалиште “Сини Врх”, удобно и како појдовна точка за туристички правци околу планината. Општина Кресна е богата со минерални извори. Низ Кресненската клисура поминува и таканаречениот Аристотелов пат за миграција на птиците и тука се гнездат над 100 вида.
Во општината се регистрирани и многу археолошки локалитети: останки од антички села – во западниот крај на градот и североисточно од него, остатоци од римски пат по долината на Струма, којшто го поврзува Егејското крајбрежје со долината на Дунав, урнатини од средновековна црква во местото „Црквиштето“ и многу други.
Повеќе информации
Пристапност: Автобус, воз, автомобил, велосипед, пешки.
Достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен
Координати: 41°43’15.5″N 23°09’33.1″E; 41.720961, 23.159182
Забележка: Извори: http://kresna-bg.com
Работно време: Понеделник – петок: 08.00-17.00 часа
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, train, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°43'15.5"N 23°09'33.1"E; 41.720961, 23.159182
- Note: Source: http://kresna-bg.com/