Општина Грмен се наоѓа во Југозападна Бугарија, во пазувите на Западните Родопи.
Таа опфаќа делови од долината на река Места и од западните падини на Дабрашкиот дел на планината.
Во општината се наоѓа резерватот „Темната гора“, со вековни дрвја (над 180 г. и со висина од 50 – 60 m) – ели, смреки и буки, коишто се типични за Западните Родопи. Во долината на реката Канина на околу 1 kм североисточно от село Огњаново има 24 топли минерални извори. Посебно интересни за туристите се импресивните останки на античкиот град Никополис ад Нестум (I – VI в.) во покраините на село Грмен (основан од римскиот император Трајан, во чест на неговата победа над даките), црквата „Св. Георги“ (898 г.) и двата огромни вековни чинари в центарот на селото.
Знаменитост за општината претставува село Ковачевица, прогласено за архитектурно -историски резерват и село Лештен, утврдено како село со изградени вили за одмор.
Туристички интерес претставува балнеолошкото одморалиште Огњаново со лековитата минерална вода и големиот шумски парк од багремот во близина на реката Канина. Во селото Рибново интерес претставува убавината на разнобојни женски костими. До денес е зачуван антички ритуал “Галина”, поврзан со цртежот на невестата за свадбата во селата Рибново и Скребатно.
Повеќе информации
Услуги: Jавни услуги
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°35’47.8″N 23°48’26.6″E
Забележка: Извори: www.garmen.bg
Работно време: Понеделник – петок од 8:00 до 17:00 часот
/ако има граѓани – до крајот на нивната услуга /
Maps
Contact
More Information
- Services: Public services.
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°35'47.8"N 23°48'26.6"E
- Note: Source: www.garmen.bg
- Opening time: Monday - Friday from 8:00 to 17:00 /if there are citizens - until the end of their service /