“Огњановските минерални бањи” е спа центар кој се наоѓа во западниот дел на Родопите во близина на селото Огњаново (1 км јужно од општината Грмен), на 10 километри од градот Гоце Делчев.
Одморалиштето привлекувало луѓе уште од античките времиња. Доказ за ова се остатоците од древна римска тврдина. Огњановски минерални бањи е одморалиште со специфична микро клима поврзана со цветањето на растенија од природна акација и локалните воздушни струи долж долината на реката Канина.Располага со 24 термоминерални извори со температура на водата 39-40º C. Одмаралиштето има 2 главни наоѓалишта: покрај реката со 2 локации во реонот на т. нар. Градски бањи (1,5 км северно од с.Огњаново) и околу профилакториумот “Огњново” – 17 извори, од кои најжешки се со температура од 42,5 ° C. Во Крајселско, кое се наоѓа 600 м. северно од селото Огњаново во регионот на т.н. Селски бањи, има 7 извори со температура на водата од 16-40 ° С.
Водите се чисти, безбојни, бактериолошки чисти. Исклучително погодни за надворешнна употреба и за пиење. За лекување на заболувања на локомоторниот апарат, ендокриниот, респираторниот и дигестивниот систем, размена на материите, нервни, гинеколошки и кардиоваскуларни заболувања.
Повеќе информации
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°36’43.5″N 23°47’15.3″E
Забележка: Източник: http://bulgariatravel.org/bg/object/412/ognyanovski_mineralni_bani
Работно време: цела година
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°36'43.5"N 23°47'15.3"E
- Note: Source: http://bulgariatravel.org/bg/object/412/ognyanovski_mineralni_bani
- Opening time: All year round.