Историско-етнолошкиот Музеј на Берово е сместен во зграда од 19-ти век и е реновирана со задржување на автентичниот стил на градба.
Историската поставка се состои од документи и предмети од времето на Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георѓиев Беровски, Разловечкото востание… Како дел од поставката се и антички и средновековни монети, кои говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата. Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накит, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачница.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед, пеш
Координати: 41.70791876290575, 22.85711696904465
Работно време: 08:00 – 16:00
Maps
More Information
- Accessibility: By vehicle, by cycle, by foot.
- Coordinates: 41.70791876290575, 22.85711696904465