Неколку поколенија наназад, старите куќи ги реставрирале и ги адаптирале за изложби, го собрале расфрланите зрна од историјата и делата на своите предци, и тоа со цел да биде овозможено денешното постоење на Музејскиот комплекс, кој вклучува 8 објекти, во кои работат одлични позавачи на историјата.
Музејскиот комплекс – Банско, е прв по својот вид во рамките на националната музејска мрежа. Оптимално структуриран, успешно ја исполнува својата задача, да ги пронаѓа, зачувува, проучува и претставува културните вредности од областа, во контекст на заедничкиот бугарски развој, особено за епохата на Преродбата и ослободителните борби. Голем придонес во овој однос имаат и богатиот етнографски материјал и резултатите од археолошките раскопувања и истражувања.
Музејската работа во градот е меѓу најраните во регионот на Благоевград. По тематскиот опфат, експозициската површина, разновидност и ефикасност на активностите, Музејскиот комплекс – Банско го зазема своето достојно место меѓу водечките општинските музеи во земјата, зачувувајќи ги спомените и гордоста на Банско.
Повеќе информации
Услуги: Вклучени објекти во музејскиот комплекс Банско:
- Куќа – музеј „вељанова куќа”
- Историско-етнографски музеј “Радонова куќа”
- Постојана изложба на банската иконописна школа
- Куќа-музеј „Никола Вапцаров”
- Куќа-музеј „Неофит Рилски”
- Духовно – историски центар „Св. Паисиј Хилендарски”
- Историско-етнографска изложба – Добриниште
- Дом на уметноста- Банско
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Достапен – „Вељанова куќа”
Паркинг – платен/беслатен.
Координати: 41°50’14.5″N 23°29’19.2″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg/
Работно време: Секоја од осумте локации има посебно работно време /Види конкретен објект/
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations - only “The Velyan’s House” Parking- paid/free.
- Coordinates: 41°50'14.5"N 23°29'19.2"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg/