Мегалитското карпесто светилиште Св. Мина се наоѓа во областа Амина во близина на селото Мечкул.
Античкиот карпесто-култен комплекс се наоѓа во непосредна близина на капелата на Св. Мина – заштитник на христијнското семејство и светец кој ги остварува желбите, изграден од жителите на Мечкул во 50-тите години на XX век.
Археолошките истражувања во реогионот утврдиле дека тука имало населби, уште од неолитот (7000-3000 година пр.н.е.). Теренските археолошки истражувања во областа на блиското с. Крупник, го докажуваат постоењето на значително античка населба на тракијското племе Меди.
Локалните преданија и легенди ги чуваат спомените за стариот Римски пат, по кој е транспортирано вино, создадено од лозови насади, кои се наоѓале во месноста. Друга легенда раскажува за култовото место, кое самиот Александар Македонски го посетил и овде свештеничка му предвидела дека ќе стане владетел на светот. Денес карпестаите форми во месноста наликуваат на чучулига, Стапка на Крали Марко, Лавовска глава и Риба Јагула.
Повеќе информации
Пристапност: Мешан – автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Не е достапен за лица со ограничена подвижност.
Се наоѓа после селата Брежани и Ракитна, непосредно пред село Мечкул, по црн пат надесно се продолжува до месноста Амина.
Координати: 41°49’37.8″N 23°10’09.0″E
Забележка: Извори: www.simitli.bg, https://www.youtube.com/watch?v=QnKLqgZaLJA
Работно време: Слободен пристап.
Maps
More Information
- Accessibility: Mixed - bus/car/bicycle/pedestrian. Inaccessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°49'37.8"N 23°10'09.0"E
- Note: Source: www.simitli.bg, https://www.youtube.com/watch?v=QnKLqgZaLJA
- Opening time: Free access.