Оваа маршрута е лесна и достапна за широк круг на туристи, со времетраењето од 4 часа, со преместување на околу 350-400м. Излезната точка на маршрутата е вила Вихрен (1950м.н.в.). Од Банско до вила Вихрен се стигнува за околу 40 минути со автобус.
Од вила Вихрен се тргнува во југозападен правец и се поминува по тревниот брег на р. Бандерица, низ месноста Равнака. Потоа, лакот, по стрмниот источен наклон на Муратов врв, пресекува неколку потока и не води до Муратовото езеро.
Од овде маршрутата продолжува во јужен правец. Патеката се извива преку тревни падини и на околу 20-30 мин. пристигнуваме до Рибјото езеро – 2190 м.н.в., 384м. должина, 230 м. ширина, со 12м максимална длабочина и 65 декари плоштина. Мало мочуриште , обраснато со трева во јужниот дел на езерото, ја дополнува неговата убавина. Во водите на езерото се пресликуваат камените венци Бандеричкиот чукар, Дончовите караули и Муратовиот врв. Неверојатна е глетката кон врвот Вихрен, кој од овде се разоткрива. Кога неговата бела мермерна покривка се преслика во сините води на езерото, глетката никогаш не може да се заборави. Од овде патеката продолжува на југ и не води повисоко до убавото Жабјо езеро – со 5.6.декари и длабочина само 2м. За 10 минути од овде, стигнуваме до Долгото езеро – 45.5 декари плоштина, 500м должина, 150м ширина и околу 10 м. длабочина. Од Долгото езеро маршрутата продолжува обратно во северен правец кон езерото Окото, кое е на 10-15 мин. од вила Вихрен. Добро обележнта патека се спушта низ морени и тревеста долина, и по 1 час се пристигнува до езерото – со 2082м.н.в., 64м.должина, 57м.широчина, околу 5м. длабочина и 2,6 декари плоштина. Преку летото бистрата вода се затоплува до 18С, но капењето во езерото е забрането.
Повеќе информации
Услуги: Ноќевање со храна
Пристапност: Планински пешачки
Народен парк “ Вихрен” – град Банско
Забележка: Източник: http://portal.bansko.bg/
Работно време: Од месец април до затворање на патот
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Mountain walking.
- Note: Source: http://portal.bansko.bg/
- Opening time: From April till the road is opened
- Seasonality Spring, summer, autumn.