Објектот се наоѓа на првиот рид над селските гробишта во село Мородвис, на 30 мин пеш од археолошкиот локалитет Мородвис.
Во 1957 година, по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983 година, манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархијски Архиереј.
Црква „Св. Симеон Столпник“ – главна манастирска црква, изградена и осветена е во 1968 година од тогашниот Митрополит Злетовско-струмички Наум, а во 2002 година црквата повторно е обновена;
Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранки. Во 2001 до 2002 година е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот господин Агатангел.
Манастирот кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник, е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на с. Мородвис. Заради не евидентирани пишани документи презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с.Мородвис. Според нивни искази на тоа место постоел манастир посветен на Св.Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св.Илија.
Време на посета е 20 мин со разгледување. Почетната точка е дворот на манастирот. Доколку е отворено може да се влезе внатре, да се запали свеќа и сл.
Повеќе информации
Услуги: Възможно е паркиране в центъра на село (автобусна спирка) на за малък брой посетители.
Пристапност: Пристапот до објектот е пеш, со велосипед и со теренско возило. Почетна точка е дворот на манастирот. Доколку е отворено може да се влезе внатре, да се запали свеќа и сл.
Координати: N41.849386, E22.416734
Забележка: Црквата обично е отворена преку ден. Доколку е затворена за влез е потребно присуство на клисарот.
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Parking is possible in the center of the village (bus stop) for a small number of visitors.
- Coordinates: N41.849386, E22.416734
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.