Манастир “Свети Великомаченик Георги Победоносец” е бугарски машки манастир, изграден на врвот кај град Хаџидимово врз старохристијанско светилиште.
По Рилскиот и Роженскиот манастир, манастирот Хаџидимово е трети по ред по големина војугозападна Бугарија. Осветен е во 1865 год.. Тој е еден од манастирите кој се наоѓа најјужно во земјата и најблизу до Света Гора. Истражувањата во регионот докажуваат дека, уште пред паѓањето под османлиска власт, околу 1290 година е изградено христијанско светилиште, посветено на Свети Георги Победоносец. За време на османлиските војни околу средината на 14-от век, храмот неколку пати горел од поробувачите, а покасно бил изоставен и заборавен. За време на првите ископувања, наоѓаат икона, која се чувала во светиот олтар и не била изложена за поклоненија. Затоа постепено била заборавена и не и се оддавала посебна почит. Во 1961 година, по настојување на црковниот одбор на манастирот, иконата била испратена во Академијата на науките за истражувања. Било утврдено дека иконата датира од 1750-1800 година.
Во истата година е вратена и св.Обител осветена, од Неврокопскиот митрополит Пимен и била изложена за поклонување. Во јули 1979година во манастирот избувнува пожар. Храмот изгорува целосно, а само чудотворната икона на Св.Георги преживува. Манастирот е прогласен за споменик на кутурата со регионално значење.
Реконстуркција на манастирот е извршена во рамките на проект по ПРСР 2007-2013.
Повеќе информации
Услуги: Од 1994 година, до денс секое лето во манастирот се спроведува детски православни кампови.
Пристапност: Автомобил, автобус, велосипед, пешеходен.
Достъпен за лица с ограничена подвижност.
Паркинг – безплатен.
Координати: 41°30’38.1″N 23°51’11.4″E
Забележка: Извори: http://svetimesta.com/
Maps
Contact
More Information
- Services: Since 1994 so far every summer in the monastery there are children's Orthodox camps.
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°30'38.1"N 23°51'11.4"E
- Note: Source: http://svetimesta.com/