Главната манастирска црква е посветена на Архангелот Михаил. Таа била изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Осветена е во 1818 година, а на нејзиното осветување присуствувал и просветителот Јоаким Крчовски. Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на манастирската црква (околу 1840 г.). Првите калуѓерки во манастирот биле снаата и ќерката на поп Ристо, зет на поп Пецо. Тие се замонашени со благослов на игуменот на Рилскиот манастир. Во својот најголем подем, а тоа е во првата половина од 20 век, манастирот броел и до шеесет монахињи, со развиена богата економија, богословско училиште, ткајачница. Првата монофазна хидроцентрала во овој крај била манастирската. Манастирот денес е еден од малкуте во земјата каде непрекинато се одвива монашки живот од своето градење.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед, пеш
Координати: 41.70110989638151, 22.859326790490226
Работно време: Отворен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: By vehicle, by cycle, by foot.
- Coordinates: 41.70110989638151, 22.859326790490226
- Opening time: Free access.