Манастирот “Св. Пантелејмон” е единствен манастир во Бугарија со три имиња. Тој постои од 1814 г под името Св. Атанасиј Александриски. Во ноември 1909 година, иконата “Достојна Дева Марија” била испратена како подарок за роденденот на Рилскиот манастир од манастирот на Света Гора.
Поради лошите временски услови монахот, по кој била испратена иконата го згрешил патот. По кратко време се слушнало за тоа, дека иконата не пристигнала и сите луѓе кои живеат меѓу Рилскиот и Манастирот на Света Гора, се предупредени да го бараат монахот и иконата.Во март месец следната година, еден овчар од село Обидим, пасејќи ги своите овци, се искачил на ридот спрема подзаборавениот тогашен манастир и видел дека од манастирот излегуваат различни светлини по боја. Вечерта враќајќи се во селото, овчарот им раскажува на селаните во крчмата што видел, и следното утро мажите заедно со месниот свештеник одат на тоа место. Таму, го наоѓаат мртов монахот кој починал на влезот од манастирот, со иконата во рацете. Свештеникот ја зема и ја носи иконата во црквата, го погребуваат монахот и испраќа вестоносец до Неврокопскиот метрополит за најдената икона. Тој од своја страна со пратеник до Манастирот на Света Гора ја прнесува веста за чудотворната икона.
По истиот пратеник вратиле порака, иконата да си остане на местото, каде била пронајдена. Свештениците од црквите во Обидим и Добриниште, решаваат да го обноват старото манастирче и ги канат селаните од областа, кој со што може да помогне во обновувањето на манастирот. Така, од 1912 до 1915 година, манастирчето било обновено. Во текот на обновувањето, верниците започнале стариот манастир да го нарекуваат Нова Богородица. На 27-ми јули Неврокопскиот метрополит го осветува манастирот и по повод празникот Св. Пантелејмон, тој го добива и третото име, кој го прави единствен манастир со три имиња во Бугарија.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, велосипед, пешки.
Достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°47’45.7″N 23°35’24.5″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg/
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°47'45.7"N 23°35'24.5"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg/