Еленец некаде познат како Горноцерски и само Церски Манастир е православен христијански манастирски комплекс, кој се наоѓа длабоко во Осоговските Планини, на илјада метри надморска височина и на 12 километри од Македонска Каменица во живописното село Цера, односно во неговото Горно Маало познато како Горна Цера. Манастирот Еленец потекнува уште од римско време. Врз темелите на стариот објект во 1880 година бил изграден сегашниот манастирски комплекс, кој од забот на времето се руинирал, денес е возобновен со голема централна манастирска црква манастирска црква која е посветена на Покровот на Пресвета Богородица, каде секој октомври се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во манастирот, во кој дел од инвентарот е постар од цел еден век. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона, пред која се палеле свеќите.
Во текот на годината се одржуваат повеќе манифестации на врвот. Над 10.000 посетители годишно.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: 42.06385791906452, 22.518105610695894
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Services: Entrance fees; tour guide; attractions - prices
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Coordinates: 42.06385791906452, 22.518105610695894
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.