Манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ кој со својата историска и пред се верска улога заслужува посебно внимание.
Наоѓа се на блага висорамнина на надморска височина од 766 м, северозападно од село Пантелеј. Во овој манастирски комплекс најстара е црквата „Св. Богородица“ – мала еднокорабна црква со нартекс посветена на света Богородица, изградена 1872 година на темелите на стара црква од 14 век, а до неа се наоѓа црквата и манастирот „Св Пантелејнон“ – трокорабна црква од преродбенски тип посветена на свети Пантелејмон, граден 1885 година. Фрескоживописот и дел од иконите се работени од познатиот сликар Димитар Папрадишки, од кои 44 се ставени под заштита, има и згради-конаци и економски објекти. Малата еднокорабна црква Св. Богородица е градена во време на игуменот Хаџи Харалампиј. Живописана е од Захариј Димитриев Самоковец во 1872 година.
Повеќе информации
Услуги: Одмор, рекреација, фотографирање.
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Достапно за лица со ограничена мобилност.
Паркинг – бесплатно.
На 12 км северно од Кочани.
Координати: 41°58’07.0″N 22°18’34.7″E, 41.968611, 22.309639
Работно време: Отворен пристап
Maps
More Information
- Services: Relaxing, recreation, photography.
- Accessibility: The route from the city to the site can be walked on foot along the hiking path, by bike and by car along the asphalt road, and hence it is necessary appropriate hiking equipment or proper bicycle equipment when cycling.
- Coordinates: 41°58'07.0"N 22°18'34.7"E, 41.968611, 22.309639
- Opening time: Free access.