Куќата музеј на основачот на бугарското секуларно образование и првиот бугарски енциклопедист Неофит Рилски (1793 – 1881) се наоѓа веднаш до црквата “Св. Троица “во градот Банско. Зградата е исто така позната како Бенината куќа и е изградена во ХVIII век.
Бенината куќа е сместена во голем двор, заградена со масивни камени ѕидови и тешка дрвена порта. Типична градба за банската архитектура, која ја следи традцијата на старите куќи-тврдини. На приземјето има скривница, просторија за месење леб и стопански простории, а на вториот кат се дневната соба, ќелијното училиште и ходникот. Голем чардак, преку надворешна тераса ги поврзува куќата со поранешните селско – стопански згради.
Никола Поп Петров Бенин, како и секуларното име Неофит Рилски, е роден 1793 година во Банско. Иконографија учи кај основачот на Банска уметничка школа, Тома Вишанов-Молерот. Сликал во Рилскиот манастир, каде подоцна станал монах, а потоа и игумен на манастирот. Целиот живот го посветува на науката, културата и образованието, и е автор на првата бугарска граматика.
Денес куќата е наменета за изложби, во која хронолошки се изложени материјали и дела, кои ја откриваат долгогодишната дејност на Неофит Рилски. Куќата-музеј е отоворна во месец мај 1981год. по повод 100-годишнината од смртта на Нефит Рилски
Повеќе информации
Услуги: Водичи на бугарски и англиски јазик.
Постои такса за влез.
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Не е достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – платен/бесплатен.
Координати: 41°50’06.5″N 23°29’12.3″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg
Работно време: Летно работно време:
9.00 – 12.00; 13.00 – 17.30
Неработни денови: вторник
Зимско работно време(1 декември – 30 март):
9.00 – 12.00; 13.00 – 17.00
Неработни денови: вторник
Maps
More Information
-
Services:
The museum is served by tour guides in Bulgarian and English.
There are entrance fees. -
Accessibility:
Bus, car, train, bicycle, pedestrian.
Inaccessible for visitors with mobility limitations.
Parking- paid/free. - Coordinates: 41°50'06.5"N 23°29'12.3"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg