Георги Димитров Измирлиев, познат како Македончето, е бугарски револуционер и општественик, учесник во Априлското востание во 1876 година како помошник на апостолот Стефан Стамболов и воен раководител во I-от (Трновски) револуционерен округ.
100 години по неговата смрт, во 1976 година, неговата родна куќа во Благоевград е прогласена за музеј – во собите е вратена автентичната атмосфера на преродбенски бит, документарната колекција раскажува за животот и делото на револуционерот.
Куќата била изградена врз основа на истражувања за внатрешноста на градска куќа од средната класа во Горна Џумаја од крајот на 19 век. Маша, огниште, светилник, газна лампа, софра, глинени чинии, затворен долап за печење на кафе, бакари, стомни, крпи за покривање на железата и котлите – сето тоа е апсолутно автентично и може да се види така, како што било пред повеќе од сто години. Интересен е изрезбаниот таван во гостинската соба, во собата за багаж пак можат да се види разбој за ткаење, елементи од машки и женски градски носии.
Куќата на Георги Измирлиев располага со уметничка галерија во која ги изложуваат своите дела, уметници од Благоевград. Во летните месеци дворот се претвора во отворена галерија за нивните дела.
Повеќе информации
Услуги: Влезници:
влез за деца до 7 години и за возрасни лица со посебни потреби – бесплатно
влез за ученици, студенти и пензионери – 0.50 лв.
влез за возрасни – 1.00 лв.
Билетите се купуваат од Региналниот историски музеј-Благоевград, кој се наоѓа на 300 метри од куќата-музеј. За дополнителни информации, организирање на групни посети и купување на билети – тел: +359 73 88 60 78 или посетете го Регионалниот историски музеј – Благоевград.
Допълнителни информации за влезниците: http://www.museumblg.bg
Пристапност: Автобус, автомобил, воз, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – платен.
Координати: 42°01’17.6″N 23°06’14.4″E
Забележка: Извори: http://www.museumblg.bg/
Работно време: Од понеделник до петок: 09:00 ч. -18:00 ч.
Сабота и недела: 09:30 ч. – 18:00 ч.
Куќата-музеј е со работното време на Регионалниот историски музеј – Благоевград.
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid.
- Coordinates: 42°01'17.6"N 23°06'14.4"E