Почетокот е поставен од Ванѓа со изградба на куќичката во 1970 година и на храмот “Св. Петка Бугарска ” во 1994 година.
По смртта на пророчицата по идеја и иницијатива на Димитар Валчев – почесен претседател на фондацијата” Ванѓа”, е создаден комплекс “Ванѓа” со површина од 230 хектари. Изградбата е спроведена во времето од 1997 до 2014 година со трудот на членовите на Фондацијата, со великодушноста на донатори и верници, во соработка и моралната поддршка на градоначалниците на општина Петрич во тој период. Карактеристичните места на комплексот Ванга се:
куќата на Ванѓа – изградена во 1970 година. Основно ја користела само во текот на денот, а навечер се прибирала за спиење во градот Петрич. По смртта на пророчицата на 11 август 1996 година, куќата се отвора за посетители во март 2014 година.
Храм-споменик „Св. Петка Българска” со манастирски дел кон него;
Гробот на Ванѓа и споменик на Ванѓа во чест на 100-годишнината од нејзиното раѓање.
Изложбената сала – содржи фотографии од различни периоди од животот на Ванѓа, нејзини значаји мисли и пораки кон луѓето.
Сала за крештевки и венчавки;
Меморијален крст – во спомен на загинатите од вулканот Кожух.
Парк со зони за рекреација и медитација со чешма со минерална вода, скулптура „Белиот гулаб“, термални извори и саканите домашни птици на Ванѓа.
Повеќе информации
Услуги: Комплексот има бесплатен паркинг за автомобили и автобуси. Посета, гледање и снимање е бесплатна.
До храмот постои продавница за продавање книги, филм за Ванја, икони и сувенири поврзани со Храмот, Рупите и Ванга.
Пристапност: Автобус, автомобил, воз, велосипед, пешки.
Достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен
на 10 километри од градот Петрич в Комплекс “Ванга”
Координати: 41°27’36.9″N 23°15’47.1″E
Забележка: Извор: http://fondacia-vanga.com/
Работно време: Комплекс Ванга: Работно време: секој ден 8.00 – 19.00.
Maps
Contact
More Information
- Services: The complex has free parking for cars and buses. Visiting, viewing and filming is free. Next to the temple there is a store selling books, a film about Vanga, icons and souvenirs related to the Temple, Rupite, and Vanga.
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°27'36.9"N 23°15'47.1"E
- Note: Source: http://fondacia-vanga.com/