Етно-музејот Лесново е лоциран во старото училиште, кое е адаптирано за оваа намена во 2007 година.
Училиштето има и сместувачки капацитет за 12 лица. Пропратно со собите е опремена и кујна. Во етно-музејот се сместени стари предмети, сето она што го карактеризира село Лесново и околината. Има и уредена училница. Секоја година овде се одржува традиционалната ликовна лесновска колонија. Колонијата до сега има доживеано 26 изданија. 10-ина денови овде престојуваат и творат уметници.
Повеќе информации
Пристапност: До пробиштип може да се стигне со редовна автобуска линија или со приватен превоз. До лесново може да се користи такси превоз кој чини 50 денари по лице.
Селото Лесново се наоѓа на југозападниот дел на планината Осогово.
Координати: 42° 0’47.44″N 22°13’51.66″E
Забележка: Ресторан Лесновски конак – Ресторанот е во селото Лесново, Пробиштип. Во преубава околина и атмосфера повелете на јагне, јаре, баници и компири под вршник, прасе на жар, скара, пастрмка на трска на жар и леб од селска фурна!
Maps
More Information
- Accessibility: Probishtip can be reached by regular bus line or by private transport. To get to the village of Lesnovo, a taxi can be used.
- Coordinates: 42° 0'47.44"N 22°13'51.66"E