Територија на НП Рила, месност Карталска полјана, Благоевград
Еко-патеката започнува од месноста “Карталска ливада’’, на територија на дел од парк-зоната Благоевград, стигнува до влезот на резерватот “Парангалица” и изнесува вкупно 712 метри. На почетокот на маршрутата има изградено дрвена постројка за спроведување и организирање на часови на отворено / зелени училиште. По должината на патот се поставени 5 информативни табли кои содржат информации за еко-маршрутата, за најстариот шумски резерват во Бугарија – “Парангалица” и уникатната биолошка разновидност во заштитеното подрачје. Одделно е направена постројка на два ката, наменета за краткотраен одмор за посетителите, во кои што, се поставени 8 дрвени клупи и 4 дрвени маси. Патеката е заштитена и обезбедена со дрвени мостови, и заградена со повеќевековните иглолисни шуми, главно со смрека, бела ела и други.
Повеќе информации
Пристапност: Еко и природен
Забележка: Извори: http://www.blagoevgrad.utre.bg/2016/05/31/372674-novi_marshruti_shte_radvat_turistite_v_rila
Проект „Устойчиво управление на Национален парк Рила I-ва фаза“ по Оперативна програма „Околна среда 2007-2013 г.“
Работно време: пролет, лето и есен.
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Eco and natural
- Note: Source: http://www.blagoevgrad.utre.bg/2016/05/31/372674-novi_marshruti_shte_radvat_turistite_v_rila; Проект „Устойчиво управление на Национален парк Рила I-ва фаза“ по Оперативна програма „Околна среда 2007-2013 г.“
- Seasonality Spring, summer, autumn